Утрински Весник
Македонија

Општина Аеродром: Сите дечиња се на безбедно до завршувањето на проверките

Општина Аеродром: Сите дечиња се на безбедно до завршувањето на проверките
Dik 300x250 mk

Имајќи ги предвид информациите за поставени бомби во основните училишта во Аеродром, апелираме на смиреност и почитување на пропишаните правила и протоколи за постапување во овие случаи, информираат од општина Аеродром.

dobivaj vesti na viber

„Благодарение на брзото постапување, до сега сите дечиња се на безбедно, придружувани од своите родители или наставниот кадар.

Според информациите кои ги поседуваме, во сите училишта е спроведен планот за евакуација, кој предвидува децата да бидат на безбедна дистанца од училиштата. Истовремено, родителите се повикани доколку се во можност, да ги земат своите деца од училиште.

Општина Аеродром одржува редовна и постојана комуникација со полициските службеници од Министерството за внатрешни работи. Сите наши ресурси се ставени на располагање до целосно завршување на потребните проверки“ се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре