Утрински Весник
Магазин

Дик ван Дајк наполни 97 години: Да знаев дека ќе живеам толку долго, подобро ќе се грижев за себе

Дик ван Дајк наполни 97 години: Да знаев дека ќе живеам толку долго, подобро ќе се грижев за себе
Dik 300x250 mk

Холивудската легенда Дик ван Дајк синоќа го прослави својот 97 роденден заедно со своето семејство и блиските пријатели.

dobivaj vesti na viber

„Дејли мејл“ направи интервју со него неколку дена пред неговиот роденден, додека беше на прошетка во Малибу .

Актерот од „Мери Попинс и Чити чити Бенг бенг“ направи карактеристична скромна шега по завршувањето на разговорот со „Дејли мекл“ велејќи: „Да знаев дека ќе живеам толку долго, подобро ќе се грижев за себе!“

Запрашан која е неговата тајна за долг и здрав живот, тој се насмеа и додаде: „Не знам, сите мои пријатели се мртви, па нема да се жалам!“.

Дajk откри дека нема посебни планови за својот посебен ден и дека само ќе се крие.

Aмериканскиот актер, комичар, писател и продуцент има кариера од шест децении.

Можете да прочитате

Ова се четирите најверни хороскопски знаци

Фестивалот „Хаус оф Три” го враќа шармот на скопје на три градски локации

Тихиот Океан рекордно топол, мистериозен топол бран ги збунува климатолозите