Папата Франциск ги повика христијанските верници ширум светот на поскромна прослава за Божиќ оваа година со цел да им се помогне на Украинците со „конкретни гестови на милосрдие“.
„ Убаво е да се слави Божиќ и да се прават прослави, но ве повикувам малку да го намалите нивото на божиќното трошење. Да го прославиме Божиќ поскромно и да го испратиме тоа што ќе го заштедиме на граѓаните на Украина на кои им е потребно, рече папата, пренесува АП.
Од почетокот на војната во Украина, папата Франциск во неколку наврати повика на испраќање помош за Украина.
Ватикан организираше неколку хуманитарни напори за помош на Украина, вклучително и донација на облека овој месец за да им обезбеди на Украинците топла облека поради недостиг на греење и електрична енергија во таа земја предизвикани од руските ракетни напади врз украинската инфраструктура.