Утрински Весник
Свет

„Шпигел“: Бундесверот не може да ги исполни обврските од НАТО

„Шпигел“: Бундесверот не може да ги исполни обврските од НАТО

Германската министерка за одбрана Кристина Ламбрехт призна дека Бундесверот (Германските вооружени сили) во моментов не може целосно да ги исполни своите обврски во рамките на НАТО, објави „Шпигел“ повикувајќи се на доверливиот извештај на Комитетот за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Во документот се наведува дека во овој момент подготвеноста за извршување на задачите на Алијансата, како што е, на пример, зајакнувањето на нејзиното источно крило, во принцип е обезбедена, иако „делумно и со ограничувања“.

Дополнително, во извештајот се наведува дека Бундесверот има проблем со распоредувањето на силите за брза реакција на НАТО во текот на следната година.

Како пример, се издвојува присуството на контингентот на Северноатлантската алијанса во Литванија, каде Бундесверот, заедно со другите партнери на НАТО, формира таканаречена борбена бригада.

„Шпигел“ посочува дека може да има проблеми со распоредувањето на силите на Бундесверот во Словачка.

Недостатоците на германските вооружени сили, кои се споменати во извештајот, не се однесуваат само на мисијата во странство. Тие постојат и кога станува збор за безбедноста на воздушниот простор над Германија. Конкретно, постојат значителни знаци на застареност на копнените системи, вклучително и радари во воздушниот простор, воздушни радија или софтвер за командно место.

Иако „застарените системи“ би обезбедиле оперативна подготвеност, во извештајот се предупредува дека во иднина може да се очекува „зголемена фреквенција на дефекти“ во работата на опремата.

Претходно германската министерка за одбрана Кристина Ламбрехт беше на удар на опозицијата и коалиционите партнери.

Германски „Велт“ тврди дека германската армија има муниција за само неколкучасовна борба, додека „Политико“ наведува дека министерот за финансии Кристијан Лиднер го одбил барањето на Ламбрехт за пари за купување муниција.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен