Утрински Весник
Економија

Со домашно производство целосно задоволени потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи

ЕСМ го зголеми производството, струја обезбеди за дел од домашното стопанство

АД ЕСМ на 13.12.2022 година произведе 16.363 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, соопштија од компанијата.

dobivaj vesti na viber

„ Во Термоелектраните произведени се 13.223 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.140 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 850 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата“ наведуваат од ЕСМ.

Можете да прочитате

Онлајн купувањето руши рекорди: Македонците потрошиле 530 милиони евра за половина година

ИСТРАЖУВАЊЕ НА EOS МАТРИХ ОТКРИВА: Расте бројот на лица на кои им е потребна поддршка за да ги исплатат долговите

Од полноќ поевтин бензин и поскап дизел