Утрински Весник
Свет

Сакала да го убие сопругот, му ставила 10 „апаурини“ во кафето

Сакала да го убие сопругот, му ставила 10 „апаурини“ во кафето

Жена (43) од хрватскиот град Метковиќ е во притвор откако, како што се сомнева, му ставила лек во кафето на својот 20 години постар сопруг, со намера да го убие.

dobivaj vesti na viber

Како што јави „24часа“, осомничената во шолја кафе му ставила на 64-годишниот сопруг 10 таблети од лекот „апурин“ од 10 милиграми.

Не знаејќи што има во шолјата, човекот го испил пијалокот, по што поради дејството на лекот му се слошило и побарал лекарска помош.

Според информациите, тој почувствувал слабост и побарал прва помош, по што итно бил пренесен во Општата болница во Дубровник, каде му бил испумпан стомакот.

По укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Со кривичната истрага е утврдено дека 43-годишната жена сторила кривично дело убиство во обид.

Жената во понеделникот вечерта со кривична пријава била предадена на притворскиот надзорник, а денеска била спроведена кај истражен судија, по што и е одредена мерка притвор.

Можете да прочитате

18 лица загинаа, 50 се водат како исчезнати во бродолом крај Либија

Зеленски: Најмалку 22 загинати во руските напади врз Украина

Туск: Полска може да изгуби повеќе од две милијарди долари поради американските царини