Утрински Весник
Свет

Потпретседателката на Европскиот парламент е разрешена од должноста

Потпретседателката на Европскиот парламент е разрешена од должноста

Пратениците на Европскиот парламент ја разрешија од функцијата потпретседател на парламентот грчката пратеничка Ева Каили, која беше обвинета за корупција од белгиските власти.

dobivaj vesti na viber

За разрешување на обвинетата потпретседателка гласаа 625 од 628 пратеници. Хрватскиот пратеник Мислав  Колакушиќ гласаше против разрешувањето на Каила, а двајца парламентарци беа воздржани, пишува „Јутарњи лист“.

Претходно во вторникот претседателката на парламентот Роберта Мецола објави дека Конференцијата на претседатели, парламентарно тело составено од претседатели на пратеничката група и претставник на независни пратеници, едногласно одлучи да му предложи на Европскиот парламент да го прекине потпретседателскиот мандат на пратеничката.

За одлуката за разрешување беше потребно двотретинско мнозинство од гласовите на пратениците.

Каили беше меѓу четворицата уапсени и обвинети во Белгија овој викенд поради наводите дека Катар ги поткупил за да влијаат на парламентарните одлуки. Таа негираше дека примила пари од Катар.

Можете да прочитате

Руски дрон влегол на молдавска територија, паднал и експлодирал

ЕУ има негативен природен прираст, но населението се зголемува поради мигрантите

Пловидбата низ Ормуската Теснина опадната на ниво најниско во последните пет седмици