Утрински Весник
Македонија

Османи во Подгорица на одвоени средби со Ѓукановиќ и Абазовиќ

Османи во Подгорица на одвоени средби со Ѓукановиќ и Абазовиќ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамките на денешната посета на Црна гора по повод министерскиот состанок на САД – Јадранска Повелба на групата А5, реализираше и одвоени средби со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, како и со премиерот на земјата Дритан Абазовиќ.

dobivaj vesti na viber

На средбите беа реафирмирани одличните билатерални односи меѓу двете земји, активностите поврзани со сојузништвото во НАТО, како и заедничките предизвици поврзани со преговорите на двете земји за полноправно членство во Европската Унија.

На средбите стана збор и за геополитичките околности на меѓународен план, со посебен фокус на руската агресија врз Украина и последиците што тоа ги предизвикува во регионот; при што Османи ја реафирмираше поддршката за Украина од страна на Северна Македонија на секое можно ниво.

Османи реферираше и за приоритетите и предвидените активности на Северна Македонија во рамките на претстојното претседавање со ОБСЕ во 2023 година, посочувајќи на состојбите во Украина и враќањето на мирот и стабилноста на терен, како најважни предизвици за Организацијата во претстојната година.

Можете да прочитате

Трагично загина Антонио Савески: Удрил во кучиња скитници, автомобилот излетал и се запалил

Судење за „Пулс“: Oдбраната поставуваше прашања за урбанистичкиот статус на објектот, родителите обвинуваат за намерно одолговлекување

Звучни имиња во телефонот на судијата Ѓоко Ристов: Боки 13, Гури, Камчева, Јахоски, Азманов, Стафа и Ѓаволот