Утрински Весник
Македонија

Приведени четворица ловокрадци на Шар Планина

Приведени четворица ловокрадци на Шар Планина

На 12.12.2022 во 09.30 часот во Национален парк „Шар Планина“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Маздрача“ ги лишиле од слобода А.Н.(59) од с. Градец, Гостиварско, Д.А.(55), Г.Б.(36) и Д.Р.(18), тројцата од Италија, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „незаконит лов“ казниво по член 228 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

При извршен преглед, кај Д.А. била пронајдена ловечка пушка „Бернардели “ и 20 патрони муниција, а кај Г.Б. била пронајдена ловечка пушка „Бетинсоли“ и 21 патрони муниција, за кои не поседувале документи.

Лицата биле предадени на полициски службеници во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Трагично загина Антонио Савески: Удрил во кучиња скитници, автомобилот излетал и се запалил

Судење за „Пулс“: Oдбраната поставуваше прашања за урбанистичкиот статус на објектот, родителите обвинуваат за намерно одолговлекување

Звучни имиња во телефонот на судијата Ѓоко Ристов: Боки 13, Гури, Камчева, Јахоски, Азманов, Стафа и Ѓаволот