Утрински Весник
Македонија

​Аеродром ќе добие нови детски градинки, заврши јавниот повик за доставување идејни решенија

​Аеродром ќе добие нови детски градинки, заврши јавниот повик за доставување идејни решенија

Денеска заврши јавниот повик за доставување на предлог-идејни решенија за изградба на една нова и доградба на постоечка градинка во Општина Аеродром. До комисијата формирана во рамките на општината пристигнаа 37 идејни решенија за изгледот и функционалноста на детските градинки.

dobivaj vesti na viber

Комисијата треба најдоцна во рок од десет дена од завршувањето на јавниот повик да ги избере најдобрите решенија на конкурсот, кои потоа ќе бидат јавно презентирани пред јавноста.

„ При целиот избор на идејното решение, најпрво се води грижа на квалитетот на материјалите за градба, водејќи сметка на енергетската ефикасност, противпожарната заштита и лесната пристапност. Потоа при планирање на објектите се посветува внимание истите да бидат во согласност со актуелните потреби за сместување на дечиња утврдени од страна на општинските служби.

Согласно динамиката планирано е во првата половина од 2023 година да започне изградбата на едната градинка и доградбата на втората со што ќе се реши проблемот за сместување на околу 600 дечиња од Општина Аеродром.

Изградбата на една детска градинка и доградба на втората се само дел од капиталните проекти кои се планирани во буџетот на Општина Аеродром за 2023 година, а кој треба да биде усвоен и презентиран пред јавноста до крајот на овој месец“ соопштија од општината.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег