Утрински Весник
Македонија

Томовски за лажните дојави за бомби: Спасовски да си поднесе оставка поради акутната неспособност

Томовски за лажните дојави за бомби: Спасовски да си поднесе оставка поради акутната неспособност

Кога не бркаат криминалци, кога даваат пасоши на белосветски криминалци, кога синови на помошници министри беснеат по скопските улици, кога им крадат оружје од полициските депоа, кога криминалци бркаат полицајци од станици, што уште треба да се случи за министерот Спасовски да си поднесе оставка, истакна членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски.

dobivaj vesti na viber

Според него, постојат дојави за бомби кои го парализираат системот и тоа покажува дека системот не функционира, дополни Томовски на прашање околу лажните дојави за бомби кои предизвикуваат хаос во секојдневното функционирање на граѓаните и институциите и што прави Министерството за внатрешни работи за спречување на ваквите појави.

„Спасовски да си поднесе оставка поради акутната неспособност и парализирањето на системот“, додаде Томовски.

Можете да прочитате

Вечерва вооружено лице држи заложници, неофицијално има и мртви во Прилеп

Шекеринска: Русија е главна закана за НАТО – зголемување на одбранбените буџети е историска потреба

Комеморација без сите деца? Скандал околу организирањето на одбележувањето во Кочани