Утрински Весник
Свет

Русија: На британското кралско семејство му било кажано да не контактира со руската амбасада

Русија: На британското кралско семејство му било кажано да не контактира со руската амбасада

Британското кралско семејство е советувано да нема никаков контакт со руската амбасада во Лондон, изјави рускиот амбасадор во Обединетото Кралство.

dobivaj vesti na viber

На прашањето на весникот „Известија“ дали имало каква било комуникација со кралот Чарлс Трети, рускиот амбасадор Андреј Келин одговори: „Не. Знам дека членовите на кралското семејство се советувани да не контактираат со руската амбасада“.

„Повеќето политичари на Запад се како некои еднодневни пеперутки кои не размислуваат за иднината и кои се опседнати со собирање бескорисни политички поени. Затоа не можат да разберат што ќе се случи за еден месец или една година со Украина“, рече Келин, пренесува „Скај њуз“.

„На крајот на краиштата, ако вака продолжи, Украина ќе стане пропадната држава, црна дупка која ќе треба да се закрпи. Руските бизнисмени, вклучително и таканаречените олигарси, не го сметаат Лондон за безбедно место. Никој сега не ги смета Обединетите Кралството за безбедно засолниште“, додаде тој.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина