На 8 декември 2022 г., во Trafó House, Képező, Будимпешта премиерно беше прикажана театарската претстава „A Férjem” („Мојот маж“) според истоимената збирка раскази на познатата македонска писателка Румена Бужаровска. На 8 декември 2022 г., во Trafó House, Képező, Будимпешта премиерно беше прикажана театарската претстава „A Férjem” („Мојот маж“) според истоимената збирка раскази на познатата македонска писателка Румена Бужаровска.
Поради огромниот интерес на 9 декември беше реализирана уште една изведба. Идејата за заедничкиот унгарско-македонски уметнички проект „Мојот маж“ е на актерките Естела Левко, Жужана Сагер и Златко Панзов, лектор по македонски јазик на универзитетот ЕЛТЕ, кој и им ја предложува збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска.
Така актерките го создаваат својот прв заеднички меѓународен проект што преставува спој на театар и визуелни уметност. Идејата е од пред две години, на проектот му претходеше радио-драма според расказите на Бужаровска на Клуб радио во 2021 година, а на 10 ноември годинава и вечер насловена „Storytelling“, концепт што за првпат се реализира во Унгарија, сличен на веќе добро познатиот концепт Пич Прич во Македонија.
Во рамките на проектот се реализираше уникатната театарска претстава со наслов „Мојот маж“ (A Férjem), која како што веќе кажавме преставува адаптација на расказите од наградуваната македонска писателка Румена Бужаровска. Според актерките Бужаровска преставува свеж, балкански женски глас.
Нејзините раскази прецизно ја претставуваат променливата посткомунистичка, патријархална стварност на регионот, кој се карактеризира со присутност на родни стереотипи што често ги стигматизираат жените.
Сценската адаптација на „Мојот маж“ е во режија на Андреа Пас, а визуелниот дел го осмисли наградуваната уметница Андреа Фајгерне Дудаш.
Премиерата на „Мојот маж“, како и целиот проект „Magyar-Macedón Storytelling“ предизвика огромен медиумски интерес, а збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска годинава доживеа и второ издание на унгарски јазик.