Нoвата документарна серија на „Нетфликс“, насловена „Хари и Меган“, предизвика бурни реакции во јавноста.
Многумина ја оквалификуваа како „американско пропагандно ѓубре“, а Хари и Меган наидоа на критики дека ја искористиле целата приказна за напуштањето на кралското семејство за да добијат лична и финансиска корист.
Минатата недела беа објавени првите три епизоди од серијата, во која парот ќе раскаже сè за нивната врска, од самите почетоци до болните моменти со кои мораше да се соочи.
Но, сите се прашуваат само едно. Колку точно чинело споделувањето интимни и за нив тешки моменти со јавноста.
Според странските медиуми, Хари и Меган добиле 100 милиони долари за снимањето на серијата. Но, тоа е само дел од нивната заработка од споделувањето на сите тие болни моменти со гледачите.
Според таблоидите, се чини дека бизнисот им цвета.
Откако решија да ги напуштат обврските во кралското семејство, Меган и Хари изградија медиумски брендови преку кои сакаат да ја раскажат својата приказна.
Тие ги основаа медиумските компании „Арчвлел аудио“ и „Арчвел продакшнс“ (Archwell Audio и Archwell Productions), а Меган го лансираше поткастот Archetypes на „Спотифај“ под нејзината продуцентска куќа, за што доби 18 милиони долари за тригодишно снимање.
Покрај тоа, Хари, наводно, потпишал договор вреден 20 милиони долари за објавување на неговите мемоари.