Утрински Весник
Свет

Се преврте автобус кај Свиленград, едно лице загина,а 19 се повредени

Се преврте автобус кај Свиленград, едно лице загина,а 19 се повредени

Тешка автобуска несреќа се случила меѓу Свиленград и Тополовград, во атарот на селото Младиново, пренесува Нова.бг.

dobivaj vesti na viber

Според првичните податоци има најмалку еден загинат патник и повеќе од 19 повредени. Сите се пренесени во болниците во Хасково, Харманли и Свиленград.

Во автобусот патувале и четири деца. За среќа, тие не се повредени.

Инцидентот се случил нешто по 18 часот. Автобусот е со бургаска регистрација и превезувал 40 луѓе кои се враќале од патување во Грција.

Возилото паднало во провалија откако излетало од патот по кривина.

На местото на несреќата се испратени 6 амбулантни возила, 7 полициски екипи и 5 противпожарни возила, прецизираат од полицијата.

Алко-тестот на возачот бил негативен. На униформираните службеници им објаснил дека автобусот се излизгал на кривина. Екипа од 4 истражители врши увид, се чека назначувањето на вештачењето.

Спасените од автобусот се згрижени во зградата на општина Младиново, пренесе Нова.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години