Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден маж во сообраќајна несреќа во струшко

Автомобил излетал од патот Маврови Анови – Дебар, тројца повредени

Во сообраќајна несреќа што се случила вчера во струшко, тешко повреден е 46-годишен жител на селото Делогожда.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР, несреќата се случила на локален пат меѓу струшките села Мислодежда и Драслајца, меѓу возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од О.В.(42) од с.Велешта и возило „ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.М.(46) од с.Делогожда.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.М., констатирани од лекар во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

За настанот е запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Можете да прочитате

Жена и маж пронајдени мртви во стан во Скопје, претходно биле пријавени за исчезнати

Почина професорот и дипломат Јован Донев

Нестабилно попладне во Македонија: Пороен дожд и грмежи во повеќе региони