Утрински Весник
Свет

Ердоган најави дека следната година пак ќе се кандидира за претседател

Ердоган најави дека следната година пак ќе се кандидира за претседател

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека би можел да се кандидира за претседател во 2023 година, а тоа ќе биде неговиот последен мандат.

dobivaj vesti na viber

Ердоган рече дека по тој мандат, доколку победи на изборите, ќе ја „префрли палката на младите“.

Како што се приближуваат претседателските и парламентарните избори закажани за јуни 2023 година, Ердоган, кој е на власт од 2003 година, и неговата исламско-конзервативна партија, Партијата на правдата и развојот (АКП), се надеваат дека ќе ја задржат власта.

Сепак, турскиот претседател треба да се соочи со многу предизвици, вклучувајќи ја и инфлацијата која достигна 85 проценти.

Во октомври, Ердоган ја повтори својата долгогодишна желба да подготви нов Устав кој ќе биде „демократски, едноставен и визионерски“.

Некои набљудувачи тоа го гледаат како желба за промена на границата од најмногу два претседателски мандати, како што е предвидено со тамошниот Устав.

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70