Утрински Весник
Македонија

Зечевиќ во Желино: СДСМ создава заедништво за европска иднина на сите граѓани

Зечевиќ во Желино: СДСМ создава заедништво за европска иднина на сите граѓани

Нашите социјалдемократски политики создаваат заедништво, меѓуетничко обединување околу принципите за целосна европска интеграција и европска иднина на сите наши граѓани, порача денеска од Желино генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, на средба со членови на партијата од општината.

dobivaj vesti na viber

-Многу одлуки низ годините наназад значеле преточување на интегрирачките принципи на СДСМ во создавањето на нашето современо општество. Тие одлуки не биле лесни во дадените околности но се покажале исправни за државата. Така имаме преточување на клучните политики за градење заедничко општество и во Уставот, како еден вид договор на сите кои живеат во нашата држава. Но, оваа генерација политичари има државничка и граѓанска обврска врз темелите на тој договор за заедничкото живеење и општиот интерес да обезбеди европска интеграција. Тоа е суштината на овој нов договор, да се обединиме внатрешно околу европскиот пат на земјата. Одговорноста на СДСМ и коалициската Влада што ја предводи во оваа насока е клучна. Заедништвото, космополитизмот и мултикултурализмот се суштински елементи во процесот на интеграција во големото европско семејство. Затоа сите да дадеме придонес, да ги отфрлиме заговарачите на национални поделби, национализам и шовинизам. Заедно да ја обезбедиме европската иднина со меѓусебна почит, толеранција, разбирање и помагање. Врз принципите на социјалдемократијата и интеграцијата да создадеме подобри услови за нашите деца, подобар живот и сигурна иднина дома, во своето родно место, рече Зечевиќ.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации