Утрински Весник
Спорт

Дешам: Англија нема слаби точки

Дешам: Англија нема слаби точки

Актуелните светски шампиони, фудбалерите на Франција, во сабота од 20 часот го играат четвртфиналниот натпревар на Светското првенство против селекцијата на Англија.

dobivaj vesti na viber

„Сигурен сум дека Англија ќе се подготви да се соочи со нашиот напаѓач Килијан Мбапе како што тоа го правеа нашите претходни противници“, изјави селекторот на француската репрезентација Дидие Дешам и дополни.

„Килијан е во позиција да направи разлика. И покрај тоа што не одигра најдобро против Полска, сепак тој влијаеше на се она што се случуваше на теренот. Имаме и други играчи кои исто така можат да решат многу работи. Англија нема слабости. Сите тимови имаат силни страни, но сите имаат и свои слабости. Англија нè виде како играме четири натпревари. На крајот од денот, треба да ги идентификувате областите каде што мислите дека можете да ги нападнете“, рече селекторот на Франција за „Скај спорт“.

Можете да прочитате

Убедлива победа и нов мундијалски сон: Македонија обезбеди место на СП 2027

ФФМ отвори дисциплинска постапка против ФК Вардар за навредливо и недолично однесување

Македонските ракометари по заверка на пласманот за Светското првенство