Утрински Весник
Македонија

Двајца повредени во сообраќајна несреќа на патот Струга-Дебар

Двајца повредени во сообраќајна несреќа на патот Струга-Дебар

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Струга-Дебар.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(61) од Струга и „опел“ со охридски регистарски ознаки, управуван од М.М.(44) од Охрид.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила С.Т.(43) од Охрид, сопатничка во возилото „опел“, додека со телесни повреди се здобила, исто така, сопатничката од возилото „опел“ К.Б.Р.(43) од Охрид, констатирани во болницата Св. Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

Можете да прочитате

Филипче за Нова.рс: Орбан – Вучиќ – Мицкоски се како руските бабушки

Зошто правосудниот испит мора да се полага само на македонски јазик? (2)

ВЛЕН: Го почитуваме протестот, но се противиме на негово инструментализирање