Утрински Весник
Спорт

Дабл-дабл на Јокиќ, тројката на Мареј во последната секунда им пресуди на Портланд

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Портланд и Денвер го одиграа најлудиот натпревар од почетокот на сезоната во НБА. Победата (120:121) ја однесоа Никола Јокиќ и соиграчите благодарение на тројката која ја постигна Џамал Мареј на помалку од една секунда до крајот на мечот.

dobivaj vesti na viber

„Кош за кош“ се играше во шест и пол минути, лидерот на Портланд Демијан Лилард погоди тројка на 8,8 секунди до крајот за 120:118. „Дејм тајм“ ја прослави во карактеристичен стил, покажа на дека времето на часовникот истекува.

Сепак по тајм-аутот, Џамал Мареј погоди тројка на девет десетинки пред крајот, со која ја замолчи арената во Портланд.

Портланд во последната четвртина влезе со 11 поени предност, најголема на натпреварот, но Нагетси направија пресврт за пет и пол минути и поведоа со 105:104 со кошот на Никола Јокиќ. Потоа ниту еден тим не постигна гол двапати по ред, а водството се менуваше вкупно 15 пати.

Лилард одигра неверојатен меч, постигна 40 поени и забележа 12 асистенции, го следеше Јусуф Нуркиќ, кој одлично му се спротивстави на Јокиќ. Репрезентативецот на БиХ имаше 21 поен и девет скока.

Херојот на Денвер, Мареј постигна 21 за Нагетс, а Јокиќ застана на 33 поени, 10 скока и девет асистенции, што значи дека по шести пат сезонава пропушти трипл-дабл за само еден скок или асистенција.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност