Утрински Весник
Спорт

„Вистина е, Роналдо се заканил дека ќе ја напушти репрезентацијата“

„Вистина е, Роналдо се заканил дека ќе ја напушти репрезентацијата“
Dik 300x250 mk

Португалскиот медиум „Рекорд“ инсистира дека Кристијано Роналдо сакал да го напушти тимот за време на Светското првенство во Катар. Еден од највлијателните медиуми во Португалија, објави дека Роналдо бил резигниран на одлуката на селекторот Фернандо Сантош да го остави на клупата на осминафиналето против Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Информацијата, која пласираше „Рекорд“ за незадоволството на поранешниот играч на Манчестер јунајтед, вчера беше демантирана најпрвин од Фудбалскиот сојуз на Португалија, а потоа и од Роналдо.

„Фудбалскиот сојуз на Португалија ја демантираше веста дека Кристијано Роналдо се заканувал дека ќе ја напушти репрезентацијата за време на Мундијалот кога дознал дека нема да биде во стартниот тим против Швајцарија“, пишува во текстот на „Рекорд“ и се додава.

„Ја потврдуваме информацијата објавена денеска од повеќе извори. Разговорот помеѓу Фернандо Сантош и Кристијано Роналдо вечерта пред мечот со Швајцарија бил многу бурен, а селекторот на репрезентацијата му дозволил да си замине. Разговорот продолжил, по што играчот решил да ја повлече одлуката, сфаќајќи дека сега не е најдобро време за толку голема поделба“.

Португалија ја победи Швајцарија со 6:1 и во сабота од 16 часот во четвртфиналето ќе се сретне со Мароко.

Можете да прочитате

Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина