Климатските активисти блокираа една од двете писти на аеродромот во Минхен во јужна Германија денеска наутро, но блокадата заврши по некое време и воздушните операции се вратија во нормала.
Според портпаролот на аеродромот, федералната полиција ги уапсила активистите.
Како што изјави портпаролот, активистите блокирале една од пистите лепејќи се за асфалтот во нејзиниот северен дел.
Активистите, кои се незадоволни од вклученоста на владата во борбата против климатските промени, во последните месеци се се поактивни низ цела Германија, а најистакнатите активисти се членовите на групата „Последна генерација“ со седиште во Берлин.
Членовите на групата се залепија на слики во музеи, организираа улични блокади и неодамна привремено ја затворија пистата на аеродромот во Берлин. Пред две недели речиси два часа ги блокираа летовите на аеродромот БЕР.
Се погласни се повиците за построги последици за климатските активисти кои го нарушуваат јавниот живот, при што многу од нив се уапсени и се соочуваат со кривични пријави.
Со оглед на тоа што јужната писта работеше непрекинато, немаше откажувања на летови, туку само мали доцнења, соопштија за инцидентот властите на аеродромот во Минхен.
👋✈️Dürfen wir vorstellen: Der Luftverkehr
– Jährlich Milliarden Tonnen CO2
– Weitere Treibhausgase und Feinstaub verdreifachen den Schaden
– Transportmittel der reichsten 10%
– Jährlich mit 11 Milliarden subventioniert (ein 9-Euro-Ticket wäre deutlich günstiger!) pic.twitter.com/LRp6yq9Bv7
— Letzte Generation (@AufstandLastGen) December 8, 2022
„Активностите на летот во моментов не се ограничени“, изјавија претставници на аеродромот, додавајќи дека полицијата започнала операција во безбедносната област „поради неовластен пристап“ на активистите.
Портпаролот на полицијата потврди дека операцијата е во тек.
Групата „Last Generation“ на Твитер објави дека нејзините членови влегле во областа и се наоѓаат на пистата на аеродромот.