Утрински Весник
Свет

Ердоган: Ќе и го скршиме рбетот на инфлацијата

Ердоган: Ќе и го скршиме рбетот на инфлацијата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека турската влада се надева дека ќе и го „скрши рбетот“ на високата инфлација во земјата на почетокот на 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Годишната инфлација во Турција забави во ноември за првпат по една и пол година – на 84,39 отсто, од 85,51 отсто во октомври, објави претходно Националниот институт за статистика (ТУИК). Зголемувањето на потрошувачките цени во ноември, според податоците на агенцијата, изнесува 2,88%.

„Чекор по чекор го решаваме прашањето за трошоците за живот и инфлацијата што е на дневен ред на сите, вклучително и Европа и Америка. Благодарение на мерките што ги презедовме, се надеваме дека ќе го скршиме грбот на инфлацијата на почетокот на следната година“ – рече Ердоган во видео пораката до учесниците на самитот и програмата на групата „Money Talk“.

Според турскиот лидер, нивото што земјата го достигна во одбранбената индустрија за кратко време стана „една од гордоста на нацијата“.

„Во 2002 година извозот на производи од одбранбената индустрија изнесуваше само 248 милиони долари, а лани го срушивме рекордот – 3 милијарди 224 милиони долари. Годинава очекуваме извоз од над 3 милијарди долари. Од оружје и муниција до ракети, од беспилотни летала, копнени и поморски возила до хеликоптери и бродови – ние ги дизајнираме, произведуваме и развиваме системи што ни се потребни во широк опсег во земјата и на национално ниво“ – рече Ердоган, како што е соопштено од РИА.

Можете да прочитате

Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан

Еден ден по несреќата во Црвеното Море пронајдени се пет преживеани