Утрински Весник
Култура

„Сами сме дома” нова хит новогодишна детска претстава во Дом на АРМ

„Сами сме дома” нова хит новогодишна детска претстава во Дом на АРМ

Модерната, забавната и интерактивната новогодишна детска претстава „Сами сме дома“ во која глумат 70 ученици од актерската школа на Весна Петрушевска ќе се прикажува во Дом на АРМ, оваа сабота, 10ти декември, со почеток од 12 часот која е веќе распродадена и од 14 часот за која сеуште има карти.

dobivaj vesti na viber

„Драги деца и родители повелете да ја проследите новата хит новогодишна детска претстава „Сами сме дома“ која премиерно ќе биде оваа сабота од 12 и од 14 часот во Дом на АРМ. Картите можете да ги резервирате преку контакт телефонот 078/227-316. Со претставата сакаме да им покажеме на своите деца дека можат да ги допрат ѕвездите!“ вели актерката Весна Петрушевска.

Таа додава дека да се работи со деца е огромен предизвик. Тие на првиот час доаѓаат не знаејќи дека за да бидеш актер треба да го живееш актерскиот сон.

„Искрена да бидам со многу работа, домашни работи и љубов моите ученици прераснуваат во мали актери кои на публиката можат да им ја пренесат сета среќа и тага од драмските текстови. Токму тоа го кажувам со самодоверба затоа што знам колку напорно како сме работеле заедно за да го постигнеме истото” додаде Петрушевска.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“