Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Тачела е виновна за блокадата на превозниците

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Тачела е виновна за блокадата на превозниците

„Коалицијата Тачела составена од Ковачевски и Арсовска е виновна за блокадата на превозниците, спремаат ли пат за бугарска фирма да го земе превозот? Се користи ли ЈСП за коалициски комбинаторики? ЈСП е еден од стожерите на коалицијата на неврзаните (СДС – ДУИ – Левица). Данела Арсовска првин го постави Александар Стојковски за директор на ЈСП. Стојковски е кадар на СДС, што се потврдува и од фотографии на кои тој е сликан во централниот штаб“ соопштија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата посочуваат дека „Стојковски потпишува договор за набавка на гориво вреден 27 милиони евра, и во тој договор го нема попустот од 6 денари, кој до сега бил пракса. Со непостоењето на попуст, буџетот на ЈСП е оштетен за 1.4 милиони евра. Пари кои се доволни за да го покријат долгот кој ова претпријатие го има кон приватните превозници“.

„Веќе е создаден проблемот. Арсовска ги има приватните превозници на улица, а средства нема. Во меѓувреме распишува нов повик за избор на превозници, а долгот не го враќа. Скопјани се прашуваат дали зад хаосот кој го гледаме деновиве со блокирани улици, се крие режирано сценарио за бугарска фирма да го земе превозот во Скопје? Дали Арсовска свесно ги креираше проблемите? Дали 6-те денари кои до сега биле попуст, завршиле како провизија? Дали ЈСП е дел од пазарот за тајната коалиција Тачела? Што треба скопјани да трпат за Арсовска да може да владее?“ прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт