Утрински Весник
Свет

Испратени смртни закани за италијанската премиерка Мелони и нејзината ќерка

Испратени смртни закани за италијанската премиерка Мелони и нејзината ќерка
Dik 300x250 mk

Италијанската премиерка Џорџа Мелони се соочува со закани на интернет, каде маж незадоволен од владиниот план да ги укине субвенциите за борба против сиромаштијата, повика на смрт за неа и нејзината шестгодишна ќерка. Полицијата веднаш упадна во неговата куќа, го претресе, го приведе и потоа му го затвори профилот на Твитер.

dobivaj vesti na viber

Вакви вести доаѓаат од Италија, иако оваа земја често менуваше влади и поставуваше премиери чии граѓани не беа премногу ентузијасти.

Десничарската влада предводена од Мелони има намера да ја ограничи таканаречената програма за приходи на граѓаните од 2023 година, а потоа да ја укине оваа регулатива во 2024 година. Тогаш треба да стапи на сила нов модел на помош, за кој засега ништо не се знае.

Мелони отворено ја критикуваше актуелната програма воведена во 2019 година, велејќи дека оние што се способни за работа не треба вечно да живеат на државен грб.

 

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп