Утрински Весник
Свет

Кремљ: Нема докази за руска вмешаност за организирање државен удар во Германија

Русија нема да бара екстрадиција на оние што ја напуштија земјата за да избегнат мобилизација

Кремљ денеска објави дека нема докази за руска вмешаност во десничарскиот заговор за организирање државен удар во Германија.

dobivaj vesti na viber

„Се чини дека ова е проблем во Германија“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите, додавајќи дека не станува збор за руска вмешаност.

Германските обвинители соопштија дека еден од обвинетите се обидел да контактира со руските претставници, што десничарската група го гледала како врска со воспоставувањето нов поредок, но нема докази дека руските претставници одговориле на барањето.

Рано утринава, 25 пет осомничени членови и поддржувачи на екстремно десничарска терористичка група биле приведени за време на рации низ Германија, соопшти германското Сојузно обвинителство, пренесе Б92.

Можете да прочитате

Преговорите меѓу САД и Русија за Украина се проширија и вклучуваат договор за нафта вреден повеќе милијарди долари

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта

Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата со домувањето, во Валенсија демонстрантите се судрија со полицијата