Утрински Весник
Магазин

(Видео) Светска премиера на „Аватар 2“

(Видео) Светска премиера на „Аватар 2“

Едно од продолженијата со највеќе одлагања во историјата на блокбастерите, „Аватар: Патот на водата“ конечно пристигна на големото платно.

dobivaj vesti na viber

Потенцијалниот хит ја доби својата долгоочекувана светска премиера во вторникот во Лондон.

Очите на филмофилите и филмскиот свет синоќа беа насочени кон британската метропола, каде што се прикажа „Аватар 2“, филм кој киносалите со нетрпение го очекуваат оваа година, надевајќи се дека конечно ќе ја заборават пандемијата и ќе заработат милијарди.

„Аватар: Патот на водата“, во режија на Џејмс Камерон, ќе почне да се прикажува на големото платно во Франција во среда, на 14 декември, а два дена подоцна во САД, со тројна амбиција: – да биде подобар од првиот, кој постигна најголем успех во историјата на светските киноблагајни, – да покаже дека киното не е мртво, и, трето, да создаде серијал кој ќе биде легендарен исто како „Војна на ѕвездите“.

13 години по оригиналниот филм, кој заработи три милијарди евра, продолжението повторно се одвива на Пандора, светлосни години оддалечена од Земјата, во еколошки обоена научнофантастична приказна. Како и првиот, снимен е во 3Д формат и трае три часа и 12 минути.

Заплетот на филмот се чува во тајност, но се знае дека треба да се открие ново племе на домородни вонземјани кои живеат во морето, со учество на ликовите од првиот дел, Џејк Сали (Сем Вортингтон), Нејтири (Зое Салдана) и нивните деца.

Во филмот глуми и Кејт Винслет, четвртина век по „Титаник“, уште еден планетарен успех на Џејмс Камерон.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста