Утрински Весник
Спорт

Рафиња: Бразил го има Нејмар, најдобриот во светот

Рафиња: Бразил го има Нејмар, најдобриот во светот
Dik 300x250 mk

Бразилскиот напаѓач Рафиња го пофали настапот на соиграчот Нејмар во победата од 4:1 против Јужна Кореја во осмина-финалето на Светското првенство во Катар. Иако имаше повреда, Нејмар се појави во стартниот тим, постигна и гол од пенал и беше еден од најдобрите на теренот.

dobivaj vesti na viber

„Признавам, малку сум загрижен што не постигнав гол досега, но тоа не го менува мојот однос кон играта. Давам сѐ за тимот. Ако постигнам гол на СП, секако дека ќе бидам среќен, но најважно е Бразил да оди напред на мундијалот. Според мене, го имаме Нејмар, најдобриот фудбалер на светот. Секој што мисли дека Нејмар е повеќе зафатен со работи надвор од теренот нема поим за што зборува и не разбира ништо од фудбалот“, изјави Рафиња.

Бразилците во четврт-финалето ќе се сретнат со селекцијата на Хрватска.

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации