Утрински Весник
Свет

Мелони ги поддржа земјите од Западен Балкан: Можете да сметате на Италија

Мелони ги поддржа земјите од Западен Балкан: Можете да сметате на Италија

Италијанската премиерка Ѓорѓа Мелони денеска во Тирана истакна дека земјите од ЕУ имаат голема одговорност кон земјите од Западен Балкан.

dobivaj vesti na viber

Пред Самитот ЕУ-Западен Балкан, Мелони подвлече дека оваа одговорност стана уште поголема по интервенцијата на Русија против Украина.

„Важно е да ја зајакнеме процедурата за пристапување на тие земји во ЕУ. Мислам дека има прашања за кои треба да соработуваме, од економијата до кибербезбедноста и многу други“ – објасни таа.

Италија, нагласува Мелони, е посветена на приближување на Западен Балкан до ЕУ.

„Можете да сметате на Италија“ – заклучила таа, пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

Русија нуди партнерство на САД: На маса Арктикот, вештачката интелигенција и вселената

Осумнаесет лица затруени со јаглерод моноксид во ресторан во италијанскиот град Варезе

Орбан од Брисел: Нема да дозволиме отстранување на ветото или милитаризација на Унијата