Утрински Весник
Македонија

Советот на Амбасадори задоволен од најавата на Агелер за поагресивно разгледување на досиејата на корумпирани политичари

Советот на Амбасадори задоволен од најавата на Агелер за поагресивно разгледување на досиејата на корумпирани политичари

„Совет на Амбасадори со големо задоволство ја прими веста објавена на твитер од страна на амбасадорката на САД Анџела Агелер дека тимот за санкции од Вашингтон веќе е во наша земја и по агресивно ќе ги разгледува досијата на поранешни и актуелни корумпирани политичари и да ги дава сите можни одговори“, се истакнува во нивната реакција.

dobivaj vesti na viber

Советот на Амбасадори, како што додаваат, црвсто ги поддржува констатаците на амбасадорот на САД Агелер, на амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и амбасадорите на некои земји членки на Унијата, јавно изнесени на разни конференции и дебати, како и констатациите изнесени во годишните извештаи на ЕУ, дека на правосудниот сектор во Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот.

Советот исто така смета дека корупцијата воопшто, како и корупцијата на високи државни фукционери, е главната причина што младите ја напуштат земјата и заминуват во странство за да обезбедуваат материјални средства за лична и семејна екзистенција.

Совет на амбасадори ја повикува Владата, раководителите на органите на владата, државните институции како и лидерите и членството на сите политички парттии од власта и опозицијата, да се борат против минатата и сегашна корупцијата во нивните редови за да конечно државата оди кон вистинстки економски, социјален, финансиски, културен и секаков прогрес од сега до иднината.

Можете да прочитате

По 14 години работа се гаси „Ал Џезира Балканс“ – регионалната редакција заминува во историјата

Филипче: Ние знаеме кои сме и на кој јазик говориме, ова е загарантирано и со договорите со ЕУ

Мицкоски по повод 80 години од формирањето на Црвениот крст: Во периодот кој што следи ќе ја продлабочиме соработката