Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: ЕУ е нашата единствена алтернатива

Ковачевски: ЕУ е нашата единствена алтернатива
300x250 (7)

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со лидерите од Западен Балкан денеска учествуваше и дискутираше на втората панел дискусија во рамките на Самитот за Западен Балкан – Европска Унија во Тирана. Тема на дискусија беа европските перспективи на Западен Балкан, заедничките заложби за демократијата, мирот и стабилноста на регионот и во цела Европа, како и меѓусебната поддршка во справувањето со економската и енергетската криза.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски истакна дека мирот и стабилноста на Балканот се предуслов за мир и стабилност на цела Европа, затоа сите заеднички, цел регион треба да се залага да се постигне оваа цел. Работејќи заедно на оваа важна цел, земјите од Западен Балкан, како земји од доверба на ЕУ обезбедуваат сигурна иднина како за граѓаните, така и за развој на економиите и просперитет во државите. Република Северна Македонија и Република Албанија ги започнаа преговорите со ЕУ за полноправно членство на ЕУ и продолжуваат посветено да работат на скрининг процесот со сите свои капацитети. Исто така Република Северна Македонија очекува наскоро да ги направи Уставните измени со кои уште еднаш ќе покаже највисок степен на демократија и почитување на основните човекови права.

Img 5587

Премиерот Ковачевски на сесијата рече дека потребна е силна и тесна соработка на целиот регион посебно во делот на енергетиката. За постигнување на амбициозните цели за енергетска транзиција и за надминување на предизвиците кои ни ги наметна економската и енергетската криза, потребно е фокус на изнаоѓање алтернативи за стабилно и континуирано снабдување со електрична енергија, но и насочување кон обновливи извори на енергија.

Зелената агенда која ја спроведува Република Северна Македонија е важен двигател за земјата во контекст на енергетската криза во која се наоѓаме. Само во изминативе неколку месеци во Северна Македонија започна со работа најголемата досега фотоволтаична електрана, која произведува струја од домашни ресурси, од македонското сонце, а ги задоволува потребите на многу домаќинства.

Ss1

Можете да прочитате

Кацарска: Судот ја покажува хуманата страна, над 30 вработени даруваат крв по повод 60 години Уставен суд

Битиќи до домашните компании: Со заедничка поддршка инвестиравте над 500 милиони евра, да продолжиме заеднички со заокружување на бројот 1

Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина