Утрински Весник
Спорт

Далиќ: Никогаш не потценувај ги Хрватите, мали сме, но храбри, борбени и одиме до крај

Далиќ: Никогаш не потценувај ги Хрватите, мали сме, но храбри, борбени и одиме до крај

Хрватскиот селектор Златко Далиќ не ја криеше радоста од пласманот во четврт-финалето на Светското првенство признавајќи дека мечот со Јапонија бил супер тежок, а победата била голема. Хрватска сега ја чека далеку поголем противник, фаворитот за титулата Бразил.

dobivaj vesti na viber

„Тежок натпревар, борбен и квалитетен. Одигравме добро. Голем резултат е да си меѓу осумте најдобри на светот. Можам само да им честитам на дечките. Ја имавме контролата при додавањата, но си создававме проблеми со губењето на топката. Така и примивме гол, па моравме да се вадиме. Никогаш не потценувајте ги Хрватите. Можеби сме мали, но сме храбри, борбени, верни и одиме до крај. На момците им се исплатеа упорноста и вербата. Само можам да им честитам за она што го направија“, вели Далиќ.

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026