Утрински Весник
Македонија

Петровска – Ларсон Џеин: Со Шведска во НАТО, евроатлантската област ќе биде посигурна и побезбедна

Петровска – Ларсон Џеин: Со Шведска во НАТО, евроатлантската област ќе биде посигурна и побезбедна

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Џеин, со која разговараше за зацврстувањето на стабилноста и безбедноста во евро-атлантската област и зацврстувањето на колективната безбедност на алијансата.

dobivaj vesti na viber

Министерката Петровска на средбата потенцираше дека Северна Македонија целосно го поддржува полноправното членство на Шведска во НАТО, што е потврдено и преку веќе ратификуваниот пристапен протокол за членство на оваа нордиска земја во алијансата.

„Собранието на Република Северна Македонија на 27 јули го ратификуваше пристапниот протокол за членство на Шведска и Финска во НАТО. Тоа е решителен чекор кој ќе ја зацврсти безбедноста на двете земји и на евро-атлантската област. Со Шведска во НАТО, алијансата е посилна, а граѓаните во земјите членки се побезбедни“, рече министерката.

Петровска порача дека сега е моментот двете земји да работат на интензивирање на билатералната одбранбена соработка, наскоро и како две земји сојузнички во НАТО.

Петровска и Ларсон Џеин се согласија дека двете држави се на иста линија во однос на поддршката на Украина и нејзиното право на самоодбрана.

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон