Утрински Весник
Македонија

Заврши пријавувањето за субвенциониран студентски оброк

Заврши пријавувањето за субвенциониран студентски оброк
Dik 300x250 mk

Министерството за образование и наука информира дека на 3 декември завршил рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, кој траеше од 25 ноември.

dobivaj vesti na viber

Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на посебна комисија формирана за оваа намена, откако ќе пристигнат податоците за апликантите кои се бараа согласно повикот, а кои ги обезбедуваат Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за вработување, Управата за јавни приходи и студентските служби на факултетите.

За потсетување, повикот се однесуваше на редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на Македонија, не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

Правото на субвенциониран студентски оброк подразбира добивање на месечен паричен надоместок од околу 2.400 денари за 9 месеци во годината, односно по 120 денари за секој работен ден во месецот, освен за државни, верски празници и неработни денови. Годинава исплатата ќе се реализира ретроактивно, почнувајќи од 15 септември.

Можете да прочитате

Шлепери почнаа да се паркираат на тротоарите во Чаир

Хаос кај кулите Џевахир: Пијан возач со голема брзина удри во контејнери и автомобили!

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат