Утрински Весник
Македонија

Премиерот Ковачевски утре ќе учествува на Самитот на земји од Западен Балкан во Тирана

Премиерот Ковачевски утре ќе учествува на Самитот на земји од Западен Балкан во Тирана

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидерите од Западен Балкан, утре ќе учествува и ќе говори на Самитот за Западен Балкан-Европска Унија во Тирана, Република Албанија.

dobivaj vesti na viber

Учесниците на Самитот ќе ги пречека премиерот на Албанија Еди Рама, а присуство е најавено на високите европски претставници Шарл Мишел и Фон Дер Лаjен, како и премиерите на Белгија, Луксембург и други европски земји.

На Самитот е предвидено земјите од Западен Балкан со ЕУ да потпишат декларација за зајакнување на соработката во повеќе сегменти со што се обезбедува подобри услови и бенефиции за граѓаните од земјите од Западен Балкан.

Премиерот Ковачевски на Самитот во Тирана ќе учествува и на две панел дискусии на кои фокусот ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан, обезбедувањето на демократија, мир и слобода, како и тесната соработка помеѓу земјите во заедничкото справување со предизвиците наметнати од економската и енергетската криза.

Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски во Тирана се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

 

Можете да прочитате

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Мистериозна смрт во Битола: Пред да биде пронајден мртов, камера снимила како човек го влече струмичанецот по Широк Сокак

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани