Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Дали Ковачевски и Арсовска договарале провизија на средбата од набавката на нафта од фирма на пратеник од власта?

(Видео) Стоилковски: Дали Ковачевски и Арсовска договарале провизија на средбата од набавката на нафта од фирма на пратеник од власта?

„Резултат на тајните средби на Ковачевски со Данела Арсовска е целосен колапс на сообраќајот во Скопје денеска. Јавниот превоз крахира, скопјани се нервозни, а причината за тоа е тендер-коалицијата Арсовска со Ковачевски. Хаосот во Скопје е резултат на тајните средби на кои што Ковачевски и Арсовска се договарале за тендер на којшто нема попуст од 6 денари за литар, 900.000 евра годишно, токму пари колку што треба да се исплати долгот и да нема протест денеска“, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

Стоилковски напомена дека „тендерот за набавка на нафта е за набавка од 14.500.000 литри. Доколку би имало попуст од 6 денари, којшто бил практика во досегашните набавки на ЈСП, тоа се 1.400.000 евра заштеда. А, таа сега ја нема. Оваа набавка е од компанија на пратеник од власта“.

„Јавноста заслужува одговор дали на тајната средба што ја призна Ковачевски е договаран процент на провизија кој што треба да се исплати во приватни џебови и затоа нема вообичаен попуст каков што имало десетина години претходно за ЈСП. Дали е точно дека попустот којшто ЈСП го договарал со набавувачот на нафта, попуст којшто сега го нема во договорот, наместо за пари за превозниците, ќе заврши во џебот на сметководител од Ѓорче Петров во Скопје, близок до Данела Арсовска, којшто во позадина управува со ЈСП?“ прашуваат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

МНР: Македонски државјани во подрачјата со пожари во Грција телефонски се обратиле за информации, засега нема официјална бројка на евакуирани

Огнот се спушти до првите куќи во село Лозани