Утрински Весник
Свет

Дојава за бомба во авион за Бристол, летот пренасочен кон Прага

Дојава за бомба во авион за Бристол, летот пренасочен кон Прага

Летот на компанијата „ИзиЏет“ од Краков, Полска до Велика Британија безбедно слета откако беше пренасочен кон Прага поради извештаи за „можна бомба“ во авионот.

dobivaj vesti na viber

Според чешкиот аеродром, Ербас А320 полетал вчера од Краков, Полска за Бристол, кога бил пренасочен кон главниот град на Чешка каде безбедно слетал синоќа во 22.50 часот, објави „Гардијан“.

„ Чешката полиција ги спроведе сите неопходни дејствија за да се обезбеди безбедност на патниците и на целиот воздушен сообраќај – се наведува на Твитер профилот на чешкиот аеродром.

Аеродромот во Прага подоцна објави дека во авионот не е пронајден опасен предмет.

Можете да прочитате

Северна Кореја истрела десетина ракети кон Јапонско Море

Катар евакуира делови од Доха

Нападната Амбасадата на САД во Ирак