Утрински Весник
Спорт

Ањели може да заглави 12 години во затвор

Ањели може да заглави 12 години во затвор

Тешки денови се пред најтрофејниот италијански клуб Јувентус. Обвинителството покрена истрага, поради финансиски малверзации, поради што Управниот одбор на чело со претседателот Андреа Ањели поднесе оставка.

dobivaj vesti na viber

Андреа Ањели, поранешниот претседател на „бјанконерите“ е главен обвинет. Покрај книговодството, обвинението вклучува и манипулација со акциите на берзата, и контроверзната со платите во периодот кога фудбал не се играше поради пандемијата на коронавирусот.

Италијанското обвинителство смета дека има силен случај против човекот кој 12 години го водеше еден од најмоќните клубови во Европа и човекот кој заедно со колегите од Реал и Барселона го започма прокетот за формирање на европска Суперлига.

Италијанските медиуми пишуваат дека Ањели може да заврши со казна затвор од 12 години, доколку се потврдат обвиненијата.

Клубот е под истрага и од УЕФА, се очекуваат санкции и во спортскиот сектор на клубот. Се шпекулира за забрана за трансфери на играчи во неколку преодни рокови, одземање бодови или дури и исфрлање во Серија Б.

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја