Утрински Весник
Магазин

(Видео) Принцот Хари маскиран во Спајдермен испрати видео порака до децата

(Видео) Принцот Хари маскиран во Спајдермен испрати видео порака до децата

Принцот Хари во костим на Спајдермен им испрати предновогодишна божиќна порака на децата чии родители умреле во војна. Тој им рече дека имаат право и тие да се забавуваат како и сите други. Пораката ја испрати преку фондацијата Scotty’s Little Soldiers која е основана за поддршка на овие деца.

dobivaj vesti na viber

Хари сними и видео маскиран во омилениот лик на „Марвел“, Спајдермен, а лицето го откри пред самиот крај на снимката.

„Божиќ е време кога најмногу ни недостигаат нашите сакани и тоа е нормално. Дозволено ви е да се забавувате како никогаш досега“, рече Хари, кој исто така остана без неговата мајка, принцезата Дајана, кога имаше 12 години.

Видеото им го пуштија на децата на божиќна забава, а темата беше херои и негативци. Откако го гледаа видеото едно од децата рече Хари не доаѓа од некое мало село, туку дека го знаат луѓето ширум светот и дека и покрај тоа, тој нашол време да им испрати посебна порака. „Тоа многу ни значи“, рече детето.

Можете да прочитате

Една порција – само 16 калории, а го намалуваат ризикот од рак и срцеви заболувања

Минералните креми за сончање се најдобрата опција за чувствителна кожа

Маслиновото масло би можело да помогне во борбата против деменцијата, покажа  нова студија