Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Инциденти вчера во Неготино: Едно лице избодено, друго завршило со демолиран автомобил, двајца натепани

Инциденти вчера во Неготино: Едно лице избодено, друго завршило со демолиран автомобил, двајца натепани
300x250 opst2

Полицијата соопшти за три инциденти што се случиле вчера на територијата на Неготино.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР, доцна синоќа приведен е Ј.К.(22) од градот, затоа што пред спортска обложувалница на улицата Ацо Аџи Илов, по кратка расправија, со остар предмет му нанел повреди на М.Ч.(24) од Неготино.

„Остриот предмет бил пронајден, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Вториот инцидент се случил доцна вечерта во петокот кон саботата, повторно со млади луѓе. Приведен е С.К.(24) од Неготино кој околу 3 часот во угостителски објект во градот најпрво му се заканил на А.М.(22), а во 03.30 часот на крстосница од ул.„Киро Крстев“ со ул.„Фемо Кулаков“ го оштетил неговото возило. Третиот инцидент се случувал во истото време пред угостителски објект. Во овој случај, М.К.(37) пријавил дека пред угостителски објект во Неготино, тој и В.П.  биле физички нападнати од едно лице, соопшти МВР.

 

Можете да прочитате

МВР ја потврди тепачката во Виница: Кандидатот за советник е на скопските клиники

Во Маврово над 30 сантиметри снег, вработени во НП Маврово ги чистат паднатите дрвја на коловозите 

30 години од атентатот врз претседателот Глигоров