Вчера почна нокаут фазата на Светското првенство во Катар. Холанѓаните први се пласираа межу најдобрите осум. Холандија со 3:1 ја победи селекцијата на САД.
Американците без разлика на елиминацијата оставија добар впечаток на ова СП, формираа млад тим кој треба да блесе на Мундијалот за четири годони во САД, Мексико и Канада.
Познатиот НБА кошаркар Чарлс Барли веруваше дека неговите сонародници ќе играат во четвртфиналето.
Тој пред осминафиналето во свој стил ја „најави“ победата на Американците над Холандија.
„Ја поминуваме Холандија. Сега само се вжештуваме. Ти гарантирам дека Холандија е во неволја. Мојот човек Тајлер (Адамс). Одиме понатаму. Ја сакам Шпанија, Бразил, Германија, ја сакам Франција. Го имаат тоа момче Мбапе, нема шега со него, но ние ќе ја победиме Холандија“, изјави Баркли.
Очигледно со тоа само ги мотивираше „лалињата“, па по мечот експресен и ефективен одговор доби од Мемфис Депај, репрезентативецот на Холандија и еден од стрелците на вчерашниот меч.
„Многу лаеш и не гризеш“, напиша Депај на Твитер.