Утрински Весник
Македонија

ДОМ на Конгрес на Европските Зелени

ДОМ на Конгрес на Европските Зелени

Делегација на зелената партија ДОМ во состав: Маја Морачанин, Ана Угринска, Ервин Реџепагиќ и Александар Пандиловски учествуваше на Шестиот конгрес на Европските Зелени, кој се одржа од 2-4 декември, во Копенхаген.

dobivaj vesti na viber

На конгресот се дискутираше за: зелени и социјално праведни решенија за енергетската криза, зелени решенија за отпорност на системите за храна, улогата на локалните советници во постигнувањето зелена транзиција, ургентната потреба од климатска правда и одданочување на богатите за да се спаси климата. Се разговараше и за значењето на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Унапредувањето на човековите права, правата на жените, ЛГБТИК+ луѓето и луѓето со попреченост се теми кои исто така беа во фокусот на конгресот.

Лидерката на ДОМ, Маја Морачанин учествуваше како панелист на дебатата за позитивните искуства и предизвиците за остварување на ЛГБТИК+ пријателска Европа.

Можете да прочитате

Хоџа:  Регионалниот систем за отпад е реалност, затоа 2026 е година на промени

Да се подобрат состојбите и да зголеми довербата на граѓаните во судството – очекува новиот член на Судскиот совет, Садула Изари

Мицкоски: Ја консолидиравме државата, ќе ја развиваме да биде таква каква ја посакуваат граѓаните