Утрински Весник
Македонија

Најстудено на Попова Шапка, снег во Маврово

Најстудено на Попова Шапка, снег во Маврово

Утрово најстудено е на Попова Шапка (минус еден степен), а најтопло во Гевгелија (9 степени).

dobivaj vesti na viber

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека температурата во Маврови Анови е еден степен, во Лазарополе два, три степени во Берово и Крушево, 4 во Крива Паланка, 5 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, 6 Скопје-Петровец, Тетово, Претор, Битола, Демир Капија, Виница, 7 Охрид, Струмица, Куманово, 8 Штип, 9 Гевгелија.

Според информациите утрово, во Маврови Анови висината на снежната покривка е еден сантиметар.

Времето во текот на денот ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, особено попладне. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Можете да прочитате

Сончево и топло, до 39 степени

На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите