Утрински Весник
Свет

Украина: Руската економија ќе биде уништена од ограничувањето на цената на нафтата

Молдавија подготвена да ѝ даде дел од својата територија на Украина на користење на неколку години
Img 5587

Економија на Русија ќе биде уништена со претстојното ограничувања на цената на руската нафта на 60 долари за барел, според договорот што го постигнаа земјите од ЕУ, Г7 и Австралија, изјави претставник на украинското претседателство.

dobivaj vesti na viber

„Ние секогаш ја постигнуваме нашата цел и руската економија ќе биде уништена и ќе плати, ќе одговара за сите свои злосторства“, напиша на „Телеграм“ шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.

300x250 (7)

Тој додаде дека цената на нафтата требало да се ограничи на 30 долари за барел за „побрзо да се уништи Русија“.

Земјите-членки на ЕУ вчера постигнаа договор за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел, што е клучен чекор во опсегот на западните санкции, кои имаат за цел да го преобликуваат светскиот пазар, како и да и отежнат на Русија со приходите од нафтата да ја финансира војната против Украина. Ограничувањето на цената од 60 долари за барел беше прифатено и од Г7 и од Австралија.

Ss1

Можете да прочитате

Ненадејно почина уште еден свиркач кој зборуваше за проблеми со Боинг

Протести во Грузија: Десетици илјади на улиците поради законот за „странски агенти“

Ердоган се состана со водачот на турската опозициска ЦХП за првпат по осум години