Утрински Весник
Македонија

МВР: Немало закани кон полицајци во Арачиново, случајот е целосно расчистен

МВР: Немало закани кон полицајци во Арачиново, случајот е целосно расчистен
Img 5587

МВР тврди дека никој не им се заканувал на полициски службеници во Арачиново, а случајот е целосно расчистен.

dobivaj vesti na viber

„По извршени детални проверки од страна на СВР Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, ја известуваме јавноста дека комплетна дезинформација се објавите дека полициски службеници биле нападнати во општина Арачиново.

300x250 (7)

Од извршените проверки е утврдено дека на 30 ноември, тројца полициски службеници запреле возило „фолксваген“, управувано од малолетник, но не ги презеле потребните службени дејства, за што против нив се изготвени иницијативи за дисциплинска постапка, а во извршените службени разговори тројцата полициски службеници негираат дека било кој им се заканувал или вршел притисок врз нив. Затоа, апелираме пред да се проверат фактите да не се објавуваат дезинформации со кои се вознемируваат граѓаните“, велат од МВР.

Во врска со случајот, утрово во Полициско одделение Арачиново бил повикан 17-годишниот малолетник заедно со неговиот родител, двајцата од селото Сарај, скопско, поради основано сомнение за сторен прекршок по чл.225 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и по извршен службен разговор, малолетникот го појаснил стореното дело.

Против малолетникот е поднесен поднесок за констатиран прекршок за управување на моторно возило без возачка дозвола, а против родителот поднесок за сторен прекршок, поради тоа што му дозволил на малолетникот да го управува возилото без дозвола, соопшти МВР.

Претходно денес, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Спасовски се обидува да го прикрие случајот.

Ss1

Можете да прочитате

Маричиќ: Најдобриот модел за развој на нашата држава е ЕУ

Вработените на ФЗО излегоа на протест, најавија генерален штрајк

Бајрами: Без пратениците од Европскиот фронт не може да се формира ниту една влада