Утрински Весник
Свет

Сана Марин: Војната во Украина покажа дека Европа не е доволно силна

Сана Марин: Војната во Украина покажа дека Европа не е доволно силна
Dik 300x250 mk

Финската премиерка Сана Марин изјави во Сиднеј дека Европа „не е доволно силна“ сама да се спротивстави на Москва.

dobivaj vesti na viber

Премиерката на Финска, земја кандидат за членство во НАТО, при посетата на Австралија истакна дека руската инвазија на Украина ги открила слабостите и стратешките грешки на Европа во однос на Москва.

„Морам да бидам многу искрена со вас, Европа во моментов не е доволно силна, ние би биле во неволја без САД“, рече Марин.

Таа истакна дека на Украина мора да и се помогне „со сите средства“.

„САД одиграа централна улога во снабдувањето на Киев со оружје, финансиски ресурси и хуманитарна помош неопходни за да се запре напредувањето на Русија“ рече Марин.

„Европа веќе долго време гради стратегија кон Русија со цел да ги зајакне економските врски, со купување енергија од Русија… мислевме дека ќе спречи војна“, но се покажа дека овој пристап е „целосно погрешен“ – рече премиерката на Финска.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно