Утрински Весник
Свет

Орбан: Проширувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас би имало трагични последици

Орбан: Проширувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас би имало трагични последици
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека продолжувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас и енергија од нуклеарните централи ќе има трагични последици за Унгарија.

dobivaj vesti na viber

Унгарската влада работи на изземање од таквите одлуки, изјави Орбан за државното радио Кошут.

Орбан истакна дека на почетокот на војната во Украина, ЕУ се надевала дека војната ќе заврши под влијание на санкциите или дека барем ќе ја олеснат таа цел, но дека се покажало дека тие немаат никаков ефект врз намалувањето на конфликтот.

Орбан напомена дека Европа ја чека тешка зима, а ситуацијата во Украина станува се потешка. Иако Русија претрпе економски загуби поради санкциите, нејзините приходи од енергија растат, а политиката на санкции не ја постигна својата цел, истакна Орбан, пренесе агенцијата МТИ.

Унгарија е против тоа ЕУ да ја финансира работата на украинската држава од заемот што го подигнаа заеднички членките на Унијата и ја поддржува помошта преку билатерални договори меѓу земјите-членки и Украина, рече Орбан.

Според него, Унгарија не сака ЕУ да стане заедница на држави кои акумулираат заеднички долгови, наместо заедница на земји-членки кои соработуваат,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Украински напад со дронови врз Краснодар – оштетени два руски брода

САД повторно пресретнаа брод кај брегот на Венецуела

Сан Франциско постепено ја враќа струјата по големиот прекин