Утрински Весник
Свет

Ројтерс: Лидерот на Исламската држава се разнесе себеси и неговите соборци на југот на Сирија

Ројтерс: Лидерот на Исламската држава се разнесе себеси и неговите соборци на југот на Сирија

Водачот на милитантите на Исламската држава (ИД) Абу ал Хасан ал Хашеми ал Кураиши, кој беше убиен во средината на октомври во Сирија, се разнесе себеси и неговите помошници откако беше опколен од локални борци во градот Јасем, борци кои беа вклучени во тој конфликт.

dobivaj vesti na viber

Американската војска вчера објави дека Ал Кураиши бил убиен во напад извршен од бунтовничката Слободна сириска армија (ССА) во јужната провинција Дера.

Покраината беше ставена под контрола на сириската армија по договорот за помирување со посредство на Русија во 2018 година, со кој се врати контролата врз јужна Сирија на Дамаск,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Над 10 загинати и 25 ранети по масовно пукање во Канада

Пилотите и кабинскиот персонал на „Луфтханза“ најавија целодневен штрајк

ИДФ прави планови за можна нова офанзива во Газа за разоружување на Хамас, објави „Тајмс оф Израел“